Obadiah 1:18 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Домот на Јакова ќе биде оган, а домот на Јосифа пламен, додека домот на Исава стрниште; ќе разгорат на нив, и ќе ги запалат; и нема никој од домот Исавов да остане жив, зашто Господ така вели.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Домот на Јаков ќе биде оган, а домот на Јосиф пламен, додека домот на Исав стрниште; ќе ги запалат и ќе ги изгорат; и нема никој од домот Исавов да остане жив, зашто Господ така вели.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Јакововиот дом ќе биде оган, Јосифовиот дом пламен, Исавовиот дом слама. Ќе го потпалат и ќе изгори и од Исавовиот дом не ќе остане никој - зашто Господ го рече тоа.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Домот на Јаков ќе биде оган, а домот на Јосиф пламен, додека домот на Исав стрниште; ќе ги запалат и ќе ги изгорат; и нема никој од домот Исавов да остане жив, зашто Господ така вели.