Philippians 2:30 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, откако го презре својот живот, за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, не жалејќи го својот живот за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
зашто заради Христовото дело се најде близу до смртта, излагајќи го својот живот на опасност, за да го надомести, тоа што вие не можевте да ми услужите.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
зашто работејќи за Христос, тој животот си го доведе во опасност и речиси умре, за да ми помогне и да ми го надомести тоа што вие не можевте да го направите за мене, бидејќи сте далеку.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
бидејќи за Христовото дело тој беше скоро на умирање, не жалејќи го својот живот за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
бидејќи за Христовото дело тој беше близу до смрт, не жалејќи го својот живот за да го надополни служењето што ми недостига од вас.