Proverbs 9:18 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И тој не знае дека поканетите од неа родени на земајта умираат, и дека се во дното на пеколот. Но ти оттргни се, не задржувај се на тоа место, не запирај го погледот свој на неа; зашто само така ќе минеш преку туѓа река. Бегај од туѓа вода и не пиј од туѓ извор, за да поживееш многу време и да ти се додадат години на животот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И тој не знае дека таму се мртовците, и дека поканетите од неа се на дното од пеколот.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А тој не знае дека мртвите се таму, дека нејзините гости се во длабочините на пеколот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И тој не знае дека таму се мртовците, и дека поканетите од неа се на дното од пеколот. Но ти отргни се, не се задржувај на тоа место, не го задржувај ни погледот таму. Така ќе минеш преку туѓа вода, ќе прегазиш туѓа река. Бегај од туѓа вода и не пиј од туѓ извор за да живееш долго време и да ти се продолжи животот уште.