Revelation 12:14 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел, за да одлета во пустината на своето место, каде што ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
На жената пак и ги дадоа двете крила на големиот орел, за да одлета во пустината на своето место, каде е хранета за едно време, и две времиња, и време ипол, настрана од лицето на змијата.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Но на жената и беа дадени две крилја како на голем орел, за да може да се скрие во пустината. Таму таа се избави од Змијата и беше згрижена за време од три и пол години.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, за таму да се храни време и времиња и половина време, далеку од лицето на змијата.