Revelation 12:9 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И беше исфрлен големиот змев — старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше со­бо­рена на земјата, и заедно со неа и анге­лите нејзини беа исфрлени.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет; беше исфрлен на земјата, и неговите ангели беа исфрлени со него.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Големиот Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како Ѓавол и Сатана, беше фрлен на Земјата, заедно со неговите ангели.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше со­бо­рена на земјата, и заедно со неа и анге­лите нејзини беа исфрлени.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И беше исфрлен змејот – старата голема змија, наречена ѓавол и сатана, што ја заведува целата вселена, беше со­бо­рен на земјата, и заедно со него беа соборени и неговите анге­ли.