Revelation 14:1 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Потоа видов: ете, Агнецот стои на гората Сион, и со Него сто и четириесет и четири илјади, што ги имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И видов, и ете, Јагнето стои на Сионската гора, а со него сто и четириесет и четири илјади, кои го имаа напишано, на своите чела, Неговото име и името на Неговиот Татко.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Понатаму, во моето видение Го видов Јагнето како стои на гората Сион. Со Него стоеја 144.000 луѓе кои на своите чела го носеа напишано Неговото име и името на Неговиот небесен Татко.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И видов: ете, Јагнето стоеше на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на своите чела напишано Неговото име и името на Неговиот Отец.