Revelation 14:15 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И друг ангел излезе од храмот и му извика со силен глас на оној, што седеше на облакот: »Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: оти житото на земјата е зрело!«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И друг ангел излезе од храмот и извика со силен глас на Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И еден друг ангел излезе од храмот и му извика со силен глас на Оној, Кој седеше на облакот: „Испрати го својот срп и жниј, зашто дојде твојот час за жниење, зашто е зрела жетвата на земјата. „
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Тогаш од храмот излезе еден друг ангел и на цел глас Му рече на Оној што седеше на облакот: “Замавни со српот и почни да жнееш, зашто дојде времето за жетва; Земјата е зрела за жетва!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И друг ангел излезе од храмот и извика со силен глас на Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело!“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И друг ангел излезе од храмот и извика со силен глас кон Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде часот да се жнее, бидејќи житото на земјата е зрело!“