Revelation 14:8 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И друг ангел се појави по него, велејќи: »Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И друг ангел се појави по него, велејќи: „Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
По него настапи уште еден ангел и извика: „Падна, падна големиот Вавилон - градот што со своето жестоко вино и со својот неморал ги опиваше и ги заведуваше сите народи!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И друг ангел се појави по него, велејќи: „Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И друг, втор ангел се појави по него, велејќи: „Падна великиот Вавилон, кој сите народи ги напои со жестокото вино на својот блуд!“