Revelation 16:21 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И град, голем како талант, падна од небото, на луѓето; а луѓето похулија на Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И град, голем како талант, падна од небото на луѓето; а луѓето Го проколнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И голем град - тежок колку еден талант, падна од небото на луѓето, а луѓето Го похулија Бога, заради ова зло од градот, зашто неговото зло беше многу големо.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Крупен град со големина на зрната над триесет килограми се истури од небото врз луѓето, а тие Го навредуваа Бога, поради стравотниот град што ги погоди.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И град, голем како талант, падна од небото на луѓето; а луѓето Го проколнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И град, голем како талант, падна од небото врз луѓето; а луѓето Го похулија Бога поради напаста од градот, зашто таа напаст беше многу голема.