Revelation 18:2 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И извика силно, зборувајќи со висок глас: »Падна, падна Вавилон големиот, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; оти со виното отровно на своето блудство ги напои сите народи.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врта­лиш­те на сите нечисти и гадни птици;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И извика со силен глас, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови, и засолниште на сите нечисти и гадни птици,
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ангелот извика со силен глас: „Падна, падна големиот Вавилон и се претвори во живеалиште на демони, гнездо на сите нечисти духови и гнасни птици, дувло на сите гнасни животни!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врта­лиште на сите нечисти и гадни птици;
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Тој извика со силен глас, велејќи: „Падна великиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, засолниште на сите нечисти и гадни птици;