Revelation 19:20 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние, што беа примиле белег од ѕверот и му се клањаа на неговиот лик: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се поклонуваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И Ѕверот беше фатен, заедно со лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, со кои ги заведе оние, кои ја примија ознаката на Ѕверот и кои се клањаа на неговиот лик; и обајцата беа фрлени живи во огненото езеро, што гори со сулфур.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Но Ѕверот беше заробен, а со него и лажниот пророк - оној што правеше чуда во служба на Ѕверот и ги заведуваше сите што имаа белег на Ѕверот и се поклонуваа пред неговата икона. Обајцата беа живи фрлени во Огненото Езеро полно со запален сулфур.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се поклонуваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур;
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше знаци пред него, та ги заведе оние што беа примиле белег од ѕверот и се поклонуваа на неговиот образ: и двајцата беа живи фрлени во огненото езеро со запален сулфур;