Romans 1:20 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Оти она, што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божеството, се гледа уште од создавањето на светот, гледани според нивните созданија, па така тие немаат изговор.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И навистина, она што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано според Неговите дела, па така тие немаат изговор.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Она што кај Бог е невидливо, имено Неговата вечна моќ и божествена природа, можат јасно да се согледаат уште од создавањето на светот и да се разберат преку се што е создадено. Затоа нема оправдување за оние што немаат почит спрема Бог.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И навистина, она што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано според Неговите дела, па така тие немаат изговор.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И навистина, она што е во Него невидливо, односно Неговата вечна сила и Божественост, уште од создавањето на светот јасно се гледа кај создадените нешта, за тие да немаат изговор.