Romans 1:27 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
и мажите исто така; оставајќи го природното зближување со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
мажите, исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи - мажи со мажи - срамни работи, добивајќи заслужена плата во себе за својата заблуда.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Истото го прават и мажите. Напуштајќи го природниот однос со жените, ги распалуваат страстите еден спрема друг, мажи со мажи прават срамни нешта и врз себе добиваат заслужена казна за својата расипаност.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената отплата за својата изопаченост.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И мажите, исто така, напуштајќи го природното општење со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг и вршеа срамни работи мажи со мажи, примајќи ја на себе заслужената отплата за својата заблуда.