Romans 12:1 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Браќа, во името на милоста Божја, ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, и тоа ќе биде вашата духовна служба,
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Затоа ве молам, браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Драги пријатели христијани, имајќи ја предвид Божјата благонаклоност спрема вас, ве молам да ги принесете своите тела како жива жртва, света и пријатна за Бог. Тоа е најдобриот начин да Му служите.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Браќа, во името на Божјото милосрдие, ве молам, да ги принесете вашите тела во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваше словесно служење.