Romans 15:24 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
ако тргнам за Шпанија, ќе дојдам кај вас. Оти, преминувајќи таму, се надевам да ве видам и натаму вие да ме испратите, откако најнапред се порадувам на вас.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека натаму вие ќе ме испратите, откако најнапред ќе ви се порадувам.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
кога ќе тргнам за Шпанија; имено, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека вие ќе ме испратите натаму, откако најнапред ќе се наситам донекаде со вас.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
ќе ве посетам кога ќе одам за Шпанија. Се надевам дека на поминување ќе се видам со вас и дека вие, откако барем малку ќе ви се изнарадувам, ќе ме испратите понатаму.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека натаму вие ќе ме испратите, откако најнапред ќе ви се порадувам.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека натаму вие ќе ме испратите, но откако најпрво ќе ви се порадувам некое време.