Romans 2:4 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, кротост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Или ги презираш: богатството на Неговата благост, кротоста и долготрпеливоста, а не знаеш дека Божјата добрина те води кон покајание?
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Не сфаќај ја погрешно Божјата прекумерна добрина, воздржливост и долгата трпеливост спрема тебе! Божјата добрина ти дава време за да се покаеш!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Или, пак, ја презираш Неговата голема благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајание?