Romans 4:11 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И знакот на обрезанието тој го доби како печат на оправдување преку верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним да им се прими како оправдување,
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И го прими знакот на обрезанието како печат на праведноста, што ја доби преку верата како необрезан, за да им биде татко на сите, кои веруваат како необрезани; за да им се засмета и ним тоа во праведност,
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Дури потоа тој се обрежа, како печат и потврда дека Бог го прогласи за праведен врз основа на неговата вера што ја имаше уште додека беше необрезан. Така Авраам им стана духовен татко на сите што Му веруваат на Бог, и Бог ги прифаќа како праведни, иако не се обрежани.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност,
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведноста што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за самиот да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се вброи во праведност,