Romans 4:12 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
и татко на обрезаните, но не на оние, кои обрезанието само го примиле, туку кои и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, кој ја имаше пред обрезанието.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
и да им биде татко и на обрезаните, но не на оние, кои се само обрезани, туку кои и одат по стапките на верата на нашиот татко Авраам, која ја имаше додека уште беше необрезан.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Истовремено тој им е духовен татко и на оние што се обрежани, но само на оние кои, покрај тоа што се обрежани, го следат и примерот на нашиот прататко Авраам, и Му веруваат на Бог исто како што тој Му веруваше уште пред да биде обрежан.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
и да им биде татко на обрезаните кои не се само обрезани, туку и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, која тој ја имаше пред обрезанието.