Romans 4:16 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нам
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздра­вено не само по Законот, туку и по ве­ра­та за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас,
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, така што ветувањето да му биде обезбедено на сето потомство; не само на она од Законот, туку и на она од Авраамовата вера; кој е татко на сите нас,
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Токму затоа Божјото ветување е засновано на вера. Тоа е незаработен подарок од Бог и им се гарантира на сите што имаат вера каква што имаше Авраам, без оглед на тоа дали се придржуваат кон ритуалните обичаи содржани во Законот или не. Токму затоа Авраам е прататко на сите што Му веруваат на Бог.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Затоа тоа е од верата, за да биде по милост, та и ветувањето да биде заздравено не само по Законот, туку и по верата за сите потомци Авраамови, кој ни е татко на сите нас,
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Затоа тоа е од верата, за да биде по благодат, та ветувањето да биде сигурно за целото потомство, не само на она што доаѓа од Законот, туку и на она што е од верата на Авраам, кој ни е татко на сите нас,