Romans 4:19 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе умртвено, оти беше тукуречи стогодишен, и дека утробата Сарина е веќе во умртвување;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И не ослабна во верата, кога го имаше во предвид своето веќе умртвено тело, зашто беше околу сто години, и умртвеноста на Сарината утроба;
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
На Авраам не му ослабна верата, иако знаеше дека неговото тело е речиси мртво. Имаше околу сто години, а и неговата жена Сара беше веќе стара и неротка.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна;
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И не ослабнувајќи во верата, тој не ни помисли дека неговото тело е веќе умртвено, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата на Сара е веќе замрена;