Romans 5:15 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но дарот не е како престапувањето. Зашто, ако преку престапувањето на еден изумреа мнозина, тогаш Божјата благодат и дарот преку благодатта на единствениот Човек, Исуса Христа, уште повеќе преизобилно ќе се излие врз мнозина.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Но дарот на благодатта не е како престапувањето; зашто ако преку престапувањето на еден изумреа мнозина; многу поизобилно се излеа на мнозина Божјата благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Но со подарокот не е исто како со престапот. Додека престапот на еден човек им донесе смрт на многумина, љубовта на еден друг човек, на Исус Христос, им носи изобилно простување на мнозина, како подарок кој произлегува од Божјата благонаклоност.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но, со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Но, со благодатниот дар не е како со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина.