Romans 5:16 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И дарот не е како гревот на еден што погрешил, зашто судењето за еден престап води кон осудување, а дарот – од многу престапи кон оправдување.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А тој дар е сосема поинаков од гревот на еден што погрешил, зашто судењето за еден престап води кон осудување, а дарот — од многу престапи кон оправдување.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И дарот не бидува како што се случи кога згреши еден. Имено, судот произлезе од еден кој погреши и така доведе до осуда, а благодатниот дар доведе од многу престапи, до оправдување.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ни резултатот од Божјиот подарок не е ист со последиците од Адамовиот грев. Од гревот на тој еден човек произлезе осуда за сите, додека од Божјиот подарок добиваме оправдание, иако сме виновни за многубројни престапи.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А тој дар е сосема поинаков од гревот на еден што погрешил, зашто судењето за еден престап води кон осудување, а дарот – од многу престапи кон оправдување.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И она што произлегува од дарот не е како она што стана преку едниот што погрешил, зашто судот заради едниот стана осудување, благодатниот дар, пак, заради многуте прегрешенија стана оправдување.