Romans 7:6 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
но сега, кога за Законот умревме, преку кого бевме сврзани, ние се ослободивме од него, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
но сега, ние сме слободни од Законот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А сега, се ослободивме од Законот, откако умревме за оној, кој нè потчинуваше, за да служиме во нов дух, а не во старата буква.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Сега сме ослободени од Законот, откако со Христос умревме за силата што не држеше заробени. Можеме да Му служиме на Бог не на стариот начин, со тоа што ќе му се покоруваме на словото на Законот, туку на нов начин, така што ќе Му се покоруваме на Духот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
но сега, ние сме слободни од Законот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
но сега, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, ние сме ослободени од Законот, за да служиме во новоста на духот, а не во изветвеноста на буквата.