Romans 8:26 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашите немоќи; бидејќи не знаеме за што да се помолиме, како што треба, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Исто така и Духот и помага на нашата слабост, зашто ние не знаеме за што да се молиме, како што треба: но Самиот Дух посредува за нас со неискажливи воздишки.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Во меѓувреме, со нас е Светиот Дух за да не придружува и да ни помага во нашите слабости. Ние не знаеме дури ни за што и како би требало да се молиме. Но Светиот Дух се застапува за нас со неискажливи воздишки.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме како треба да се молиме. Па сепак, Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Исто така и Духот нѐ поткрепува во нашата немоќ; бидејќи ние не знаеме што би требало да измолиме, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливи воздишки.