Romans 9:25 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
како што и Осиј вели: »Ќе го наречам Мој народ оној, кој не беше Мој народ, и омилена – неомилената«.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Така се вели и во книгата на Осија: „Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена — онаа што не беше возљубена.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
како што вели и кај Осија: „Народ, кој не е Мој народ, ќе го наречам Мој; и онаа, која не е возљубена, ќе ја наречам возљубена,”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Еве што вели Бог за тоа во книгата на пророкот Осија: “На оние што не биле Мој народ ќе им речам:, Мој народе!‘ На оние што не биле сакани ќе им речам:, Драги Мои!‘“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Така се вели и во книгата на Осија: „Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена – онаа што не беше возљубена.“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Како што и кај Осија говори: „Ќе го наречам Мој народ оној што не беше Мој народ, и невозљубената – возљубена.“