Ruth 4:7 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Порано кај Израилот, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување постоеше обичај: едниот ја собуваше обувката своја и му ја даваше на другиот, кој го примаше правото на родство, и тоа служеше како сведоштво кај Израилот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Порано во Израел, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување на размената постоеше ваков обичај: едниот ја собуваше обув­ката своја и му ја даваше на другиот, и тоа служеше како сведоштво во Израел.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А од старина беше обичај во Израел: за да се поткрепи полноважноста на откуп или на замена, човекот би собул една обувка и би му ја дал на другиот. Тоа беше сведоштво во Израел.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Порано во Израил, кога се откупуваше и разменуваше нешто, заради потврдување на размената постоеше ваков обичај: едниот ја собуваше обув­ката своја и му ја даваше на другиот, и тоа служеше како сведоштво во Израил.