Zechariah 1:21 — Compare Translations
3 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Пак реков: што ќе прават овие? А тој ми рече: оние рогови се што го распрснаа Јуда, така што никој од нив не може да си ја подигне главата; и, ете, тие дојдоа да ги уплашат, да им ги скршат роговите на народите, кои подигнаа рог против земјата на Јуда за да ја распрснат.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А јас прашав: „Што дојдоа овие да работат?” Тој ми одговори: „Она се роговите што го раскинаа Јуда, та никој веќе не се осмелува да дигне глава; а овие дојдоа за да ги исплашат, и да им ги скршат роговите на народите кои подигаа рог против Јудината Земја, за да ја распрснат.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Пак реков: „Што ќе прават овие?“ А тој ми рече: „Оние рогови се што го распрснаа Јуда (и го скршија Израил), така што никој од нив не може да си ја подигне главата; и, ете, тие дојдоа да ги уплашат, да им ги скршат роговите на народите, кои подигаат рог против земјата на Јуда за да ја распрснат.“