Zechariah 14:12 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И ете какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим – телото на секого од нив ќе се исуши уште додека стои на нозете свои, и очите ќе му се стопат во длабнатините, и јазикот ќе му се исуши во устата негова.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А еве какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим — месото ќе им се распаѓа уште додека стојат на нозете свои, и очите ќе им скапуваат во длабнатините, и јазикот ќе им изгние во устата нивна.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А еве со која рана Господ ќе ги удри сите народи кои ќе завојуваат против Ерусалим: месото ќе им се распаѓа додека бидат на нозе; очите ќе им гнијат во очните дупки, јазикот ќе гние во устата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А еве какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим – месото ќе им се распаѓа уште додека стојат на нозете свои, и очите ќе им скапуваат во длабнатините, и јазикот ќе им изгние во устата нивна.