bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
1 Corinthians 7
1 Corinthians 7
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 8 →
1
А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена.
2
Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж.
3
Мажот да ја има спрема жената својата должна љубов, а исто така и жената – спрема мажот.
4
Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
5
Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување.
6
Ова, пак, ви го велам како совет, а не како заповед.
7
Оти сакам, сите луѓе да се како јас; но секој си има свој дар од Бога – еден ваков, друг инаков.
8
А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде, ако останат како јас.
9
Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да се возбудуваат.
10
А на женетите и мажените им заповедам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, –
11
ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја.
12
А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, која не поверувала, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;
13
и ако некоја жена има маж, кој не поверувал, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.
14
Зашто маж што не поверувал се осветува преку жената која верува, и жена што не поверувала се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети.
15
Ако некој, што не верувал, сака да се разведе, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог.
16
Оти, од каде знаеш, жено, не ќе ли го спасиш ти мажот? Или од каде знаеш, о мажу, нема ли да ја спасиш ти жената?
17
Само секој нека постапува така, како што му определил Бог, како го повикал Господ. Така заповедам по сите цркви.
18
Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, нека не се обрезува.
19
Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, а пазењето на Божјите заповеди е сѐ.
20
Секој да си остане во звањето, во кое е повикан.
21
Роб ли си призван, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството.
22
Оти повиканиот во Господа роб, станува Господов слободен; исто така и повиканиот слободен станува роб Христов.
23
Вие сте скапо платени: не станувајте робови на луѓе.
24
Секој, во какво призвание е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.
25
А, што се однесува до девојките, за нив немам заповед од Господа, но советувам; како што сум помилуван од Господа, да Му бидам верен.
26
Поради сегашната потреба го наоѓам за добро ова: добро е за човекот да биде таков.
27
Сврзан ли си со жена, не барај развод; разврзан ли си од жена, не барај жена.
28
Но, ако се ожениш, нема да згрешиш; и девојка, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволи, а јас, пак, ве штедам.
29
Ова ви го велам, браќа, оти времето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;
30
и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат,
31
и кои се ползуваат од овој свет – како да не се ползуваат; зашто се менува обликот на овој свет.
32
Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Господови работи, – како да Му угоди на Господа;
33
а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената.
34
Постои разлика меѓу жена и девојка; неомажената се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господа, за да стане света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи – како да му угоди на мажот свој.
35
Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам замка, туку за убава и пристојна служба на Господа без пречки.
36
Ако некој мисли дека е срамно девојката негова да му остане така во напредната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат.
37
А кој е тврд во срцето свое, и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја пази својата девојка, тој добро прави.
38
Но и оној, кој ја омажува својата девојка, добро прави; а оној, што не ја мажи, подобро прави.
39
Жената е сврзана преку Законот, додека е жив мажот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого сака, но само во името на Господа.
40
Само, поблажена е, ако си остане така, според моето мислење; а мислам дека и јас имам Дух Божји.
← Chapter 6
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 8 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16