bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Thessalonians 2
2 Thessalonians 2
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
1
А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, ве молам, браќа,
2
да не се поколебате лесно во мислите свои и да доаѓате во ужас било преку духот, било преку словото, или преку послание, како да е од нас испратено, како божем настапува веќе Христовиот ден.
3
Никој да не ве измами ни по каков начин; оти оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта,
4
кој што се противи и се превознесува над сѐ, што се наречува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, покажувајќи се дека е Бог.
5
Не помните ли дека, уште кога бев при вас, ви зборував за тоа?
6
И сега знаете што Го задржа Него да се открие во Свое време.
7
Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено, додека не се отргне оној, што ја задржува сега;
8
тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање ќе го истреби
9
оној, чие јавување, по дејството на сатаната, е со секаква сила и знаци и лажни чудеса,
10
и со секакво неправедно измамување меѓу оние, кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение.
11
И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата,
12
та да бидат осудени сите, кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата.
13
Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, возљубени од Господа браќа, затоа што од почетокот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение,
14
кон кое ве повика преку нашето Благовестие, за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15
И така, браќа, стојте и држете ги преданијата, што ги научивте било преку нашето слово, било преку нашето послание.
16
А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж,
17
нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3