bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
2 Timothy 2
2 Timothy 2
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
1
Чедо мое, потсилувај се во благодатта, што ти е дадена од Христа Исуса,
2
и сѐ, што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе, кои се способни и други да научат.
3
Па така, поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа.
4
Оти ниеден војник не се вплетува во светски работи, за да му угоди на својот началник.
5
А ако, пак, некој војува, сепак венец не добива, бидејќи не се борел според правилата.
6
Земјоделецот што се труди, прв треба да вкуси од плодот.
7
Разбери што ти зборувам; а Господ нека ти даде разум во сѐ!
8
Помни Го Господа Исуса Христа од родот Давидов, Кој воскресна од мртвите, онака како што ви проповедав,
9
поради кое страдам, дури до окови, како злочинец. Но словото Божјо не се врзува.
10
Затоа сѐ трпам заради избраните, та и тие да добијат спасение во Христа Исуса со вечна слава.
11
Верни се зборовите: »Ако со Него сме умреле, со Него и ќе оживееме.
12
Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се одречеме, и Он ќе се одрече од нас.
13
Ако не веруваме, Он останува верен, бидејќи Сам Себеси не може да се одрече.«
14
Ова напомнувај го и сведочи пред Господа за да не се препираат, оти препирките ништо не помагаат, а дури им штетат на оние, што слушаат.
15
Погрижи се пред Бога да се покажеш како достоен и беспрекорно работлив, кој верно го проповеда словото на вистината.
16
А од непристојни и празни зборови клони се, зашто тие ги водат луѓето секогаш кон безбожност.
17
И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Филит,
18
кои отстапија од вистината, говорејќи дека воскресението веќе станало, и со тоа им попречуваат во верата на некои.
19
Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: »Ги позна Господ Своите« и »Да отстапи од неправдата секој, што го произнесува името Господово!«
20
Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени, и земјани; и едните се за почесна употреба, а другите за нечиста.
21
И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.
22
Избегнувај ги, исто така, и желбите на младоста, туку стреми се кон правда, вера, љубов и мир со оние, што Го призовуваат Господа од чисто срце!
23
Глупави и празни расправии избегнувај, знаејќи дека тие породуваат кавги!
24
А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку да биде кроток кон сите, поучлив и незлобив.
25
И со кротост поучувај ги оние што се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за да ја познаат вистината,
26
и да се ослободат од мрежата на ѓаволот, кој ги уловил живи, за да ја исполнуваат неговата волја.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4