bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Amos 1
Amos 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 2 →
1
Зборовите на Амоса, еден од пастирите на Текоја, што ги чува во видение за Израилот во деновите на јудејскиот цар Озија, и во деновите на јудејскиот цар Јеровоам, синот Јоасов, две години пред потресот.
2
И рече тој: Господ ќе загрми од Сион и ќе го пушти гласот Свој од Ерусалим, и ќе се расплачат куќите пастирски, и ќе се исуши врвот на Кармил.
3
Така вели Господ: за трите престапи на Дамаск и за четирите нема да го поштеди, зашто го вршеа Галад со железни орудија.
4
Ќе пуштам оган во домот Азаилов, и тој ќе ги проголта дворците на Венадад.
5
Па ќе ги разбијам резињата на Дамаск и ќе ги истребам жителите од долината Авен, и оној, што држи жезал, од домот Еденов; народот Арамејски ќе отиде во ропство во Кир, вели Господ.
6
Така вели Господ: за три престапи на Газа и за четири нема да ја поштедам, зашто тие ги одведоа сите во ропство, за да му ги предадат на Едома.
7
И ќе испратам оган во ѕидовите на Газа и тој ќе ги проголта дворците нејзини.
8
Па ќе ги истребам жителите на Азот, и оној, што го држи жезалот во Аскалон, и ќе ја свртам раката Своја против Екрон, и ќе загине остатокот на Филистејците, вели Господ.
9
Вака вели Господ: за трите престапи на Тир и за четири нема да го поштедам, зашто тие му ги предадоа на Едома сите заробеници, и не се сетија за братскиот сојуз.
10
Ќе пратам оган во ѕидовите на Тир, и тој ќе ги проголта дворците негови.
11
Така вели Господ: за трите престапи на Едома и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги гонеше браќата свои со меч, ги погази родбинските чувства, беше свиреп во гневот свој и секогаш ја држеше јароста своја.
12
Ќе испратам оган врз Теман, и тој ќе ги проголта дворците на Восор.
13
Така вели Господ: за трите престапи на синовите Амонови и за четири нема да ги поштедам, бидејќи тие ги расекуваа бремените жени во Галад, за да ги прошират границите свои.
14
И ќе запалам оган во ѕидовите на Рава, и тој ќе ги проголта дворците нејзини со врисок во денот на бојот и со виор во денот на бурата.
15
И ќе отиде царот нивни во ропство, тој и кнезовите негови заедно, вели Господ.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9