bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Colossians 1
Colossians 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
1
Од Павла, по волјата Божја апостол на Исуса Христа, и братот Тимотеј,
2
до светиите и верните браќа во Исуса Христа што се во Колоси: благодат на вас и мир од Бога нашиот Отец и Господа Христа!
3
Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, молејќи се секогаш за вас,
4
бидејќи чувме за вашата вера во Христа Исуса и за љубовта ваша, која ја имате кон сите светии,
5
поради надеж на она што ви е определено на небесата, за кое порано чувте од вистинското слово на Благовестието,
6
кое што е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден, кога ја чувте и познавте вистински Божјата благодат.
7
Како што и узнавте од Епафрас, нашиот возљубен сотрудник, кој е верен слуга Христов заради вас,
8
и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.
9
Затоа и ние од оној ден, кога го чувме тоа, не престануваме да се молиме и да сакаме да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,
10
та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познавањето на Бога,
11
укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква трпеливост и големодушност со радост,
12
благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината;
13
нѐ избави од власта на темнината и нѐ доведе во царството на Својот возљубен Син,
14
во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите,
15
и Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар;
16
бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.
17
Он е пред сѐ, и сѐ преку Него се држи.
18
И Он е глава на телото, односно на Црквата; Он е почеток, првороден меѓу мртвите, за да има првенство во сѐ.
19
Бидејќи во Него благоволи Отецот да има секаква полнота,
20
и преку Него да измири сѐ со Себе, било земно, било небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.
21
И вас, кои некогаш бевте отстранети од Бога, и Негови непријатели поради помислите кон лоши дела,
22
сега ве примири во телото на Неговата плот, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина,
23
само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи во надежта на Евангелието, што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
24
Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во мојата плот за телото Негово, кое е Црквата.
25
Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,
26
тајната, сокриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,
27
на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас,
28
Него ние Го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги на секоја мудрост, та сите нив да ги претставиме совршени во Христа Исуса;
29
затоа и се трудам и молам според Неговата сила, која моќно дејствува во мене.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4