bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ecclesiastes 8
Ecclesiastes 8
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 9 →
1
Кој е како мудриот, и кој го разбира значењето на работите? Мудроста на човека му го просветлува лицето негово, и строгоста на лицето негово се изменува.
2
Јас ти велам: пази го царскиот збор, и тоа – поради клетвата пред Бога.
3
Не брзај да бегаш од лицето негово и не биди тврдоглав во лошите работи; зашто, тој што ќе посака, се може да направи.
4
Каде што е зборот на царот, таму е и власта; и кој ќе му каже: »Што правиш?«
5
Кој пази заповед, тој не доживува никакво зло: срцето на мудриот знае и време и наредба;
6
зашто за секоја работа има свое време и свој суд; а човека го обвинува неговото недело,
7
зашто не знае, што ќе биде и како ќе биде тоа – кој ќе му каже?
8
Ниеден човек нема власт над духот, за да го подржи духот, и нема власт над смртниот ден, нема избавување во таа работа, ни нечесноста нема да го спаси нечесниот.
9
Сето тоа го видов, и го свртувам срцето свое кон секоја работа, што се врши под сонцето. Понекогаш човекот господари над човек на своја штета.
10
Видов тогаш како погребуваат нечесни, и оние што доаѓаа од своето место беа пофалени во градот, што така постапија. И тоа е суета!
11
Бидејќи не се врши суд над лоши работи, затоа не се плаши срцето на синовите човечки од прави зло.
12
Иако некој грешник врши стопати зло, судот му се одолжува; но јас знам, дека ќе им биде добро само на оние, што се бојат од Бога, кои имаат страв пред лицето Негово;
13
а за нечесниот нема да има добро, и како сенка, само кратко време, ќе преуспее оној, кој не се плаши пред Бога.
14
Има и таква суета на земјата: праведните ги постигнува она, што би ги заслужиле делата на нечесните, а со нечесните станува она, што би го заслужиле делата на праведните. А јас си реков: и тоа е суета!
15
И ја пофалив јас веселбата; зашто нема подобро за човекот под сонцето, освен да јаде, да пие и да се весели: тоа го придружува човекот во трудовите негови преку дните на животот негов, што му го дал Бог под сонцето.
16
Кога го управив срцето свое кон тоа, да постигнам мудрост и да ги разгледам работите, што се вршат на земјата, така што на човекот да не му доаѓа сон ни дење ни ноќе, –
17
тогаш ги видов сите дела Божји и најдов, оти човекот не може да ги сфати работите, што се вршат под сонцето. Колку и да се труди човекот да ги испитува, пак нема да го постигне тоа.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
Recommended Reading
Commentary
Ecclesiastes Commentaries
→
Devotional
Ecclesiastes Devotional Guide
→
Get This Bible
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) ) Study Bible
→