bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Ephesians 5
Ephesians 5
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 6 →
1
И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени,
2
и живејте во љубов, како што и Христос нѐ засака и Себеси за нас се предаде како принос и жртва на Бога за пријатен мирис.
3
А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост дури да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,
4
ниту, пак, срамни и празни зборови или смешки, што се неприлични, туку само благодарности.
5
Зашто ова треба да го знаете, дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христа и Бога.
6
Никој да не се мами со празни зборови; оти поради овие иде гневот Божји врз синовите на непокорноста;
7
и така, не станувајте нивни соучесници.
8
Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа: живеете како деца на светлината!
9
Зашто плодот на Духот се состои во секое добро, правда и вистина, –
10
и испитувајте сѐ што Му е на Бога угодно!
11
Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!
12
Оти за она, што го прават нечестивите скришум, срамно е и да се зборува.
13
А сѐ, што е за изобличување, светлината го открива; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е.
14
Затоа е речено: »Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!«
15
Па така, гледајте, колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри;
16
ползувајте го времето, зашто дните се лукави.
17
Затоа немојте да бидете нерасудливи, туку распознајте што е волјата Божја!
18
И не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух,
19
усовршувајќи се со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши;
20
благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Господ Исус Христос;
21
покорувајте му се еден на друг во страв Божји.
22
Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа,
23
зашто мажот е глава на жената, како што е Христос глава на Црквата, и Он е Спасител на телото.
24
Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ.
25
Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа,
26
за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
27
та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
28
И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
29
Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата,
30
бидејќи ние сме членови на Неговото тело – од Неговата плот и коските Негови.
31
Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот.
32
Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата.
33
И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе, а жената да се бои од мажот свој.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6