bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Haggai 1
Haggai 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 2 →
1
Во втората година на царот Дарија, во шестиот месец, на првиот ден во месецот, би слово Господово преку пророкот Агеј до Зоровавела, синот на Салатиила, управител на Јудеја, и до Исуса, синот Јоседеков, првосвештеникот.
2
Вака вели Господ Саваот: »Овој народ говори: Уште не е дојдено времето, не е време сега да се гради дом Господен.«
3
И би слово Господово преку пророкот Агеј, велејќи:
4
»А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е Светилиштето запустено?«
5
Затоа сега вака вели Господ Саваот: »Свртете го срцето ваше врз вашите патишта.
6
Вие сеете многу а собирате малку; јадете, а не се заситувате; пиете, а не се напивате; се облекувате, но не се стоплувате; оној што печали пари, ги става во дупнато ќесе.«
7
Така вели Господ Саваот: »Свртете го срцето ваше кон патиштата свои.
8
Качете се на планината, донесете дрва и градете го храмот, и тоа ќе Ми биде угодно, па ќе се прославувам, вели Господ.
9
Мислите многу, а излегува малку, и што ќе внесете дома, тоа Јас го раздувувам. Зошто? – вели Господ Саваот: Затоа што е домот Мој запустен, а вие пак трчате кон домот свој.
10
Па поради тоа небото се затвори и не ви дава роса и земјата не ви дава плодови.
11
Затоа повикав суша врз земјата, врз горите, врз житото, врз гроздовите, врз елејот и врз сѐ што се раѓа од земјата, и врз човекот и врз добитокот, и врз секој ваш рачен труд.«
12
И Зоровавел, Салатииловиот син, и Исус, синот на Јоседека, и сиот друг народ го послуша гласот на Господа, својот Бог, а и зборовите на пророкот Агеј, како гласник на нивниот Господ Бог, и народот се подуплаши од Господа.
13
Тогаш Агеј, гласникот Господов, испратен од Господа, му рече на народот: »Јас сум со вас« – вели Господ.
14
И Господ го подигна духот на Зоровавела, синот Салатиилов, управителот на Јудеја, духот на Исуса, синот Јоседеков, првосвештеникот, и духот на сиот друг народ – и тие дојдоа и почнаа да го градат домот на Господа Саваот, својот Бог;
15
а тоа стана во дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на царот Дариј.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 2 →
All chapters:
1
2