bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Hosea 9
Hosea 9
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 10 →
1
Не радувај се, Израиле, со преголема веселба како другите народи, оти блудствуваш, откако отстапи од својот Бог – и ги милуваш даровите од блуд по сите житни гумна.
2
Гумното и кацата нема да ги нахранат, а виното ќе ги измами.
3
Тие нема веќе да живеат во земјата Господова: Ефрем ќе се врати во Египет и во Асирија ќе јадат нечисто.
4
Нема да вршат преливи со вино за Господа, и неугодни ќе Му бидат жртвите нивни; тие ќе им бидат како леб на нажалени: по сите што ќе го јадат, ќе се осквернуваат, оти нивниот леб е само за душите нивни, а во домот Господов тој нема да се внесе.
5
Што ќе правиш во деновите на собирите и во деновите на празникот Господен?
6
Оти сите тие ќе си заминат поради запустувањето; Египет ќе ги прибере, Мемфис ќе ги погребе; нивните сребрени драгоцености коприви ќе ги прекријат, во шаторите нивни ќе има трнливи грмушки.
7
Дојдоа деновите на твојата казна, дојдоа деновите за отплата. Нека разбере Израилот дека е глупав претскажувачот, безумен е оној што изјавува оти е вдахновен, поради многуте беззаконија и големата омраза.
8
Ефрем е на стража до мојот Бог; пророкот е како мрежа за лов на птици по сите негови патишта; има соблазна во домот на неговиот Бог.
9
Многу ниско падна, останаа развратени како во деновите на Гива; но Он ќе се присети за нивните беззаконија, ќе ги казни за нивните гревови.
10
Како грозје во пустиња го најдов Израилот; како чувар на ран плод на смоква, ги видов Јас татковците нивни, но тие отидоа кај Ваалфегор и се оддадоа на срамни работи, па и самите станаа нечисти како оние, што ги беа засакале.
11
Славата на Ефрема ќе одлета како птица; нема да има при нив ни раѓање, ни бременост, ниту зачнување.
12
Па макар и да одгледале деца свои, Јас ќе ги одземам; оти тешко ним, кога ќе се оттргнам од нив.
13
Ефрем, како што го видов Јас до Тир, се поставил на убаво место; но Ефрем ќе ги изведе децата свои при убиец.
14
Дај им, Господи, а што да им дадеш? Дај им утроба, што не раѓа, и – суви гради.
15
Сето зло им е во Галгал; таму ги замразив Јас поради нивните лоши дела; ќе ги изгонам од Мојот дом, нема повеќе да ги сакам; сите нивни кнезови се отстапници.
16
Поразен е Ефрем; се исуши коренот нивни – нема да принесуваат плод; ако и да родат, Јас ќе го умртвам нивниот сакан плод во утробата нивна.
17
Ќе ги отфрли Бог, оти тие не Го послушаа, па затоа ќе бидат скитници меѓу народите.
← Chapter 8
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 10 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14