bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Isaiah 5
Isaiah 5
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 53
Chapter 54
Chapter 55
Chapter 56
Chapter 57
Chapter 58
Chapter 59
Chapter 60
Chapter 61
Chapter 62
Chapter 63
Chapter 64
Chapter 65
Chapter 66
Chapter 6 →
1
Ќе му ја запеам на мојот Возљубен Неговата песна за лозјето негово. Мојот Возљубен имаше лозје на врвот од плодороден рид;
2
Тој го огради и го исчисти од камења, насади во него одбор од лозови прачки, изгради кула во средината негова, направи големи крбли; очекуваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје.
3
Па сега, жители ерусалимски и мажи Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје.
4
Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје?
5
Сега ќе ви кажам што ќе направам со лозјето Свое: ќе ја иставам оградата, и тоа ќе биде опустошено; ќе му ги разрушам ѕидиштата, и ќе биде газено:
6
ќе го оставам да запусти: нема ни да го режат, ни да го копаат, – ќе обрасне во трње и боцки, ќе им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него.
7
Лозјето на Господа Саваот е домот Израилев, а луѓето на Јуда – Негова љубена градина. И чека Он правосудие, но ете – крвопролевање; чека правда, а ете – пискот.
8
Тешко ви вам, што притурате куќа кон куќа, што присоединувате нива кон нива, така што за другите да не останува место, како да сте само вие населени на земјата!
9
Во ушите мои – Господ Саваот рече: – тие многубројни домови ќе бидат пусти, тие големи и убави куќи ќе бидат без жители;
10
десет дулуми лозје ќе дадат едно буре, а еден шиник посеано семе, одвај ќе донесе една ефа.
11
Тешко им е на оние, кои од рано утро бараат сикер и до доцна вечер се згорештуваат со вино;
12
на нивните гоштавки има и гитара, и гусле, и тимпани, и свирка и вино; а кон делата на Господа тие и не погледнуваат, ниту помислуваат за делата на Неговите раце.
13
Затоа мојот народ ненадејно ќе отиде во ропство; неговите големци ќе гладуваат, богаташите негови ќе се мачат од жед.
14
Затоа пеколот се раширил и без мерка ја отворил устата своја: таму ќе слезе нивната слава и нивното богатство, вревата нивна и сѐ што ги весели
15
И ќе се раскае човекот, ќе се смири мажот, и очите на гордите ничкум ќе поникнат;
16
а Господ Саваот се возвеличи во суд, светиот Бог ќе ја соопшти светоста Своја во правда.
17
И овците ќе си пасат по волја, и туѓи ќе се хранат со оставените плодни пасишта на богатите.
18
Тешко им на оние, што влечат по себе беззаконие со јажиња на суетноста и грев – како со колски ремења;
19
кои велат: »Нека побрза Он и нека го забрза делото Свео, за да видиме, нема се приближи и нека се исполни решението на Светецот Израилев, за да дознаеме!«
20
Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро и доброто – зло, темнината ја сметаат за светлина, и светлината – за темнина, горчливото – за слатко, а слаткото – за горчливо!
21
Тешко им на оние, кои се мурди во своите очи и разумни пред самите себеси!
22
Тешко им на оние, кои се храбри вино да пијат и се во сила да приготвуваат жесток пијалок,
23
кои за подароци го оправдуваат виновниот и ги лишуваат праведните од законитото!
24
Затоа, како што огнот ја јаде сламата, и пламенот го истребува сеното, така ќе загине коренот нивни, цветот нивни ќе се разнесе како прав; зашто тие го отфрлија законот на Господа Саваот и го презреа словото на Светецот Израилев.
25
Затоа гневот на Господа ќе се разгори против Неговиот народ, ќе ја протегне раката Своја против него и ќе го порази, така што горите ќе затреперат и труповите нивни ќе бидат како ѓубре по улиците. А при сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште ќе биде протегната.
26
И ќе крене знаме за далечни народи и ќе им даде знак на оние што живеат на крајот од земјата, и ете, тие лесно и брзо ќе дојдат;
27
кај нив нема да има ни умерен, ни премален; ниеден нема да задреме и нема да заспие; нема да се отпаше појасот од половината негова и нема да се одврзе ремен од чевлите негови;
28
стрелите негови се изострени, сите лакови – им се затегнати; копитата на коњите нивни се како кремења, а колцата нивни – како виор;
29
рикањето нивно е како рикањето на лавица; тој рика како лавче и ќе зарика, ќе го зграпчи пленот и ќе го однесе и никој нема да му го одземе.
30
Во оној ден ќе зарика против него како божем рикање на разбеснето море; ќе погледне Он на земајта, и ете, темнина и жалост, а светлината потемнела во облаците.
← Chapter 4
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 53
Chapter 54
Chapter 55
Chapter 56
Chapter 57
Chapter 58
Chapter 59
Chapter 60
Chapter 61
Chapter 62
Chapter 63
Chapter 64
Chapter 65
Chapter 66
Chapter 6 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52
53
54
55
56
57
58
59
60
61
62
63
64
65
66