bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
James 2
James 2
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
1
Браќа мои, држете ја верата во Исуса Христа, нашиот Господ на славата, и не гледајте кој е што.
2
Ако во собрание ваше влезе човек со златен прстен, во светли алишта, а влезе и сиромав со проста облека,
3
па погледате на облечениот во светли алишта и му речете: »Ти седни овде убаво!«, а на сиромашниот му речете: »Ти стој таму!« или »Седни овде, при подножјето мое!«
4
И не размисливте во себе, туку станавте судии на лоши помисли.
5
Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромасите од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние, кои Го сакаат?
6
А вие го посрамивте сиромавиот. Не се ли тоа богатите што ве мачат и влечат по судови?
7
Не го хулат ли тие вашето добро име, со кое сте се нарекле?
8
Ако, пак, го извршувате царскиот Закон според Писмото: »Возљуби го ближниот како самиот себе« – добро правите.
9
Но, ако гледате на лице, грев правите; и Законот ве изобличува како престапници.
10
Оти, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ.
11
Зашто Оној, Кој рекол: »Не прави прељуба«, рекол и: »Не убивај!« Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот.
12
Зборувајте и постапувајте како оние, што ќе бидат судени според Законот на слободата.
13
Оти судот ќе биде безмилосен спрема оној, кој не покажал милост; милоста во судот се пофалува.
14
Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси?
15
Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат,
16
па некој од вас им рече: »Одете си со мир, грејте се и наситете се!«, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза?
17
И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
18
Но може некој да рече: »ти имаш вера, а јас имам дела.« Покажи ми ја верата своја без дела, а јас ќе ти ја покажам верата своја од моите дела.
19
Ти веруваш дека Бог е еден; добро правиш; но и бесовите веруваат, а треперат.
20
Не сакаш ли да разбереш, о суетни човеку, дека верата без дела е мртва?
21
Нели со дела се оправда Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи синот свој Исака?
22
Гледаш ли дека верата им помогна на делата негови, и дека преку делата верата стана совршена?
23
И се изврши Писмото, кое вели: »Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се прими како оправдание«, и тој се нарече – пријател Божји.
24
Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?
25
А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.
26
Оти, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.
← Chapter 1
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 3 →
All chapters:
1
2
3
4
5