bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
John 18
John 18
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 19 →
1
И штом го рече ова, Исус отиде со учениците Свои преку потокот Кедрон, каде што имаше градина, и во неа влезе Он и учениците Негови.
2
А тоа место го знаеше и Јуда, кој сакаше да Го предаде, зашто Исус често се собираше со учениците Свои таму.
3
Тогаш Јуда, откако зеде една чета војници и слуги од првосвештениците и фарисеите, дојде таму со фенери, со светила и со оружје.
4
А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: »Кого го барате?«
5
Му одговорија: »Исуса од Назарет.« Исус им рече: »Јас сум.« Со нив стоеше и Јуда, што Го предаваше.
6
А кога им рече: »Јас сум« – тие се повлекоа назад и паднаа на земјата.
7
Тогаш пак ги праша: »Кого го барате?« А тие рекоа: »Исуса од Назарет.«
8
Исус одговори: »Ви реков дека сум Јас; па, ако Ме барате Мене, оставете ги овие да си одат;«
9
за да се изврши словото кажано од Него: »Од оние, што си Ми ги дал, никого не погубив.«
10
А Симон Петар, кој имаше нож, го извади, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. Името на слугата му беше Малх.
11
Но Исус му рече на Петра: »Стави го ножот во ножницата. Зар да не ја испијам чашата што Ми ја даде Отецот?«
12
Тогаш четата и војводата, и слугите јудејски, Го фатија Исуса и Го врзаа,
13
И Го одведоа најнапред кај Ана, зашто тој беше дедо на Кајафа, кој во таа година беше првосвештеник.
14
А Кајафа беше оној, што ги посоветува Јудејците, дека подобро е да умре еден човек за народот.
15
По Исуса одеше Симон Петар и еден друг ученик; а тој ученик му беше познат на првосвештеникот, и влезе со Исуса во дворот на првосвештеникот.
16
А Петар стоеше надвор, покрај портата. Другиот, пак, ученик, што му беше познат на првосвештеникот, излезе, ѝ рече на вратарката и го воведе Петра.
17
Тогаш слугинката вратарка му рече на Петра: »Да не си и ти од учениците на Овој Човек?« Тој рече: »Не сум.«
18
А слугите и робовите беа запалиле оган и стоеја, па се грееја, оти беше студено. Со нив стоеше и Петар, и се грееше.
19
Првосвештеникот, пак, Го праша Исуса за учениците Негови и за Неговото учење.
20
Исус му одговори: »Јас му зборував на светот јавно; Јас секогаш поучував по зборниците и во храмот, каде што секојпат се собираат Јудејците, и тајно ништо не сум зборувал.
21
Зошто Ме прашуваш Мене? Прашај ги оние, кои слушале, што сум зборувал; тие знаат што сум говорел.«
22
Кога Он го рече тоа, еден од слугите, кој стоеше близу, Го удри Исуса по образ и рече: »Така ли му одговараш на првосвештеникот?«
23
Исус му одговори: »Ако реков лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме биеш?«
24
Тогаш Ана Го прати врзан при првосвештеникот Кајафа.
25
А Симон Петар стоеше и се грееше. И му рекоа: »Да не си и ти од учениците Негови?« Тој откажа и рече: »Не сум.«
26
Еден од слугите на првосвештеникот, што му беше роднина на оној, кому Петар му го беше отсекол увото, рече: »Не те ли видов и тебе во градината со Него?«
27
А Петар пак одрече; и веднаш петел запеа.
28
И Го поведоа Исуса од Кајафа во преторијата. Но беше утро, и тие не влегоа во неа, за да не се осквернат, како би можеле да ја јадат пасхата.
29
Тогаш излезе Пилат пред нив и рече: »Во што Го обвинувате Овој Човек?«
30
Одговорија и му рекоа: »Ако Он не беше злочинец, немаше да ти го предадеме.«
31
А Пилат им рече: »Земете Го вие и судете Му според вашиот закон!« Јудејците му рекоа: »Нам не ни е позволено да убиваме никого« –
32
за да се исполни зборот Исусов, што го рече, кажувајќи со каква смрт ќе умре.
33
Тогаш влезе Пилат во судницата, па Го повика Исуса и Му рече: »Ти ли си Царот Јудејски?«
34
Исус му одговори: »Сам ли го зборуваш тоа или други ти кажаа за Мене?«
35
Пилат одговори: »Та јас Јудеец ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?«
36
Исус одговори: »Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде.«
37
А Пилат Му рече: »Ти, пак, Цар ли си?« Исус одговори: »Ти велиш дека сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој.«
38
Пилат го праша: »Што е тоа вистина?« И ова како го рече, излезе пак при Јудејците и им рече: »Јас не наоѓам никаква вина во Него.
39
Но при вас е обичај да ви пуштам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го пуштам Царот Јудејски?«
40
И пак повикаа сите, велејќи: »Не Овој, а Варава.« Варава, пак, беше разбојник.
← Chapter 17
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 19 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21