bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Micah 4
Micah 4
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 5 →
1
И, ете, затоа во последните дни планината на Господовиот Дом, ќе биде поставена на чело над сите планини, и ќе се издигне над ридовите, и ќе поитаат кон неа народите.
2
И ќе тргнат многу народи, и ќе речат: »Дојдете да се искачиме на гората Господова и да влеземе во домот на Јакова – и Он ќе нѐ научи на Своите свети патишта, и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе Законот, и од Ерусалим – словото Господово.
3
Он ќе им суди на многу народи и ќе изобличи многу племиња во далечни краишта; па ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои – во српови; и народ против народ нема да крене веќе меч, и нема веќе да се учат да војуваат;
4
секој ќе седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да се плаши, зашто устата на Господа Саваот го изрекла тоа.
5
Зашто сите народи одат, секој во името на својот бог, а ние ќе одиме во името на Господа, нашиот Бог, секогаш и довека.«
6
Во оној ден, вели Господ, ќе соберам сѐ што е хромо, и ќе соединам што е разгонето, и оние, врз кои сум допуштил беда.
7
И ќе направам од остатокот на хромите и прснатите по светот силен народ, и Господ ќе царува над нив на гората Сион од сега па довека.
8
А ти, куло на стадото, риду на Сионовата ќерка, при тебе ќе дојде и ќе се врати поранешното владение, царството – при ќерките ерусалимски.
9
А зошто ти сега така гласно плачеш? Зар немаш цар или ти недостига советник, па те обзеле маки како кај родилка?
10
Страдај и мачи се од болки, ќерко Сионова, како родилка, зашто сега ќе излезеш од градот, ќе живееш во полето и ќе стигнеш во Вавилон. Таму ќе бидеш избавена, таму ќе те откупи Господ од рацете на непријателите твои.
11
А сега се собрани многу народи против тебе и велат: »Нека биде осквернета и очите наши да се нагледаат на Сион!«
12
Но тие не ги знаат замислите на Господа и не ги разбираат намерите Негови – дека Он ги собрал како снопје на гумно.
13
Стани и удирај, ќерко Сионова, оти Јас ќе го направам рогот твој железен и копитата твои бакарни; ќе прегазиш многу народи, и нивните трудови и богатства ќе ги посветиш на Господа – Владетелот над целата земја.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7