bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Nahum 1
Nahum 1
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Пророштвото за Ниневија; книга за видението на Наума од Елкос.
2
Господ е Бог ревнив и одмаздник; одмазник е Господ и страшен во Својот гнев: Господ им се одмаздува на непријателите Свои; не ги поштедува ни противниците Свои.
3
Господ е долготрпелив и голема е силата Негова, така што не остава никого без казна; патот Господов е во виор и бура, а облаците се прав од под нозете Негови.
4
Ќе му се закани ли на морето, и тоа пресушува, и сите реки пресушуваат: овенува Васан и Кармил, и свенува цветот на Ливан.
5
Горите се тресат пред Него, и ридовите се топат, земјата потреперува пред лицето Негово, и вселената и сѐ што живее во неа.
6
Кој може да устои против Него? И кој може да го издржи пламенот од гневот Негов? Гневот Негов се излива како оган; карпи се распаѓаат пред Него.
7
Добар е Господ; Он е прибежиште во жалосен ден. Он ги познава оние, што се надеваат на Него.
8
Но со силна поплава, што сѐ потопува, ќе ја уништи Ниневија до темели и мрак ќе ги обземе непријателите Негови.
9
Што сте намислиле против Господа? Он ќе стави крај на сѐ, и неволите веќе нема да се повторат,
10
зашто, иако сплетени како трње и како од вино пијани, тие ќе бидат наполно проголтани, како сува слама.
11
Од тебе произлезе оној, што смисли зло против Господа, и кој подготви нечесен заговор.
12
Вака вели Господ: »Макар што се безопасни и многубројни, тие ќе бидат исклани и ќе исчезнат; а тебе, иако те измачував, нема веќе да те измачувам.
13
И сега ќе го скршам јаремот негов, кој лежи врз тебе, и ќе ги раскинам оковите твои.«
14
А за тебе, Асире, Господ определи: нема да продолжи родот твој; од домот на твојот бог ќе ги истребам идолите резани и лиени; во него ќе ти направам гроб кога ќе бидеш презрен.
15
Ете, по горите се стапките на благовесникот, кој најавува мир: празнувај ги, Јудејо, твоите празници, извршувај ги заветите свои, зашто преку тебе нема веќе да минува нечестивиот; тој е наполно уништен.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3