bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Nehemiah 8
Nehemiah 8
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 9 →
1
Кога настана седмиот месец, и синовите Израилеви живееја по градовите, се собра сиот народ како еден човек на плоштадот, што е пред Водните порти, и му рекоа на книжникот Ездра, да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израилот.
2
И свештеникот Ездра го донесе Законот пред собранието од мажи, жени и сите, што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец;
3
и читаа од него на плоштадот, што е пред Водните порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и ушите на сите луѓе беа насочени кон книгата на Законот.
4
Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Мататија, Сема, Ананија, Урија, Хелкија и Масија, а лево од него – Федаија, Мисаил, Малхија, Асум, Асвадан, Зарахија и Месулам.
5
Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стоеше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана.
6
Тогаш Ездра го благослови Господа, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги рацете угоре, клањајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господа.
7
А Исус, Ванаја, Саравија, Акан, Саватеј, Камтас, Азарија, Јозавадан, Анифанес и левитите му го објаснуваа законот на народот, а народот стоеше на местата свои.
8
И читаа разбирливо од книгите, од Законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.
9
Тогаш Неемија, и книжникот Ездра, свештеник, и левитите, кои го чуваа народот, му рекоа на сиот народ: »Овој ден е свет пред Господа, вашиот Бог; не тажете и не плачете,« – зашто сиот народ плачеше, слушајќи ги зборовите на Законот.
10
И им рече: »Одете, јадете... мрсно и пијте слатко, и испратете им делови на оние, што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господа е поткрепа за вас.«
11
И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: »Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.«
12
И појде сиот народ да јаде и да пие и да испраќа делови и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите, што им ги кажаа.
13
На другиот ден се собраа старешините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите при книжникот Ездра, за да им ги објасни зборовите на Законот.
14
И го најдоа напишаното во Законот што Господ го беше дал преку Мојсеја, дека на празникот во седмиот месец синовите Израилеви треба да живеат во сеници.
15
Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, велејќи: »Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива малина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја, за да направите сеници според запишаното.«
16
Отиде народот и донесоа, та си направија сеници, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворовите на Божјиот дом, и на плоштадот при Водните Порти, и на плоштадот при Ефремовите Порти.
17
Целото општество од оние, што се беа вратиле од пленство, направи сеници и живееја во сеници. Од дните на Исуса, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израилеви. Радоста беше многу голема.
18
И читаа во книгата на Законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празникот седум дена, а на осмиот ден – се одржа собор според уредбата.
← Chapter 7
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 9 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13