bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
/
Romans 6
Romans 6
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 7 →
1
Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се умножи благодатта? Никако!
2
Ние, кои сме умреле за гревот, како ќе живееме во него уште?
3
Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме.
4
И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот.
5
Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението;
6
знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;
7
бидејќи, кој умрел, тој се ослободил од гревот.
8
А ако сме умреле со Христа, веруваме дека со Него и ќе живееме,
9
знаејќи оти Христос, откако воскресна од мртвите, нема веќе да умира: смртта нема веќе власт над Него.
10
Зашто ако умре Он, умрел еднаш за гревот, а што живее, за Бога живее.
11
Па така и вие сметајте се мртви за гревот, и живи за Бога во Христа Исуса, нашиот Господ.
12
И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади;
13
и не дозволувајте вашите органи на гревот да станат орудија на неправдата, туку препуштете се на Бога како оживени од мртвите, а органите ваши да станат орудија на правдата.
14
Гревот не треба да господари над вас, оти вие не сте под Законот, туку под благодатта.
15
Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!
16
Не знаете ли дека, кому му се предавате како робови за послушност, робови сте му на оној, кому му се покорувате: или робови на гревот, за смрт, или – на послушност за оправдание?
17
Но благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце му станавте послушни на оној вид учење, на кое му се предадовте.
18
Откако се ослободивте од гревот, вие станавте робови на правдата.
19
Ви зборувам како човек, за вашата плотска слабост. Оти, како што ги предостававте членовите ваши да бидат робови на нечистотата и беззаконието за беззаконство, така и сега оставете ги членовите ваши да бидат робови на правдата за осветување.
20
Зашто, додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата.
21
А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нивниот крај е смртта.
22
Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, вашиот плод е светост, а крајот – животот вечен.
23
Оти, платата, што ја дава гревот, е смрт, а дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ.
← Chapter 5
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 7 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16