1 Kings 2

Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))

← Chapter 1 Chapter 3 →
35Тогаш царот Соломон го постави Јехојадаевиот син Ванеја над војската место него (а управата на царството беше во Ерусалим). Свештеникот Са­док, пак, царот го постави (за прво­свештеник) место Авијатар. Господ му даде на Соломон разум, многу голема мудрост и широчина во срцето како песокот крај морето. И Соломон се исполни со многу разум, повеќе од разумноста на сите древни синови и по­веќе од сите разумни Египќани. Тој си ја зеде за жена фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град, додека го изгради домот свој и, пред сѐ, домот Господов и ѕидовите околу Ерусалим; по седум години тој ја заврши градбата. Соломон имаше седумдесет илјади мажи што го пренесуваа товарот и осумдесет илјади каменоделци во пла­нините. И Соломон направи море и потпирки, големи бањи и столбови, извор во дворецот и бакарно море, изгради кула и тврдини нејзини и го раздели Давидовиот град. Тогаш фарао­новата ќерка мина од Давидовиот град во својот дом што тој ѝ го изгради; потоа Соломон изгради ѕидови околу градот. Соломон принесуваше трипати годишно сепаленици и жртви за помирување на жртвеникот, што Му го изгради на Господ, и каде што кадеше пред Господ и ја заврши градбата на домот. Главните распоредувачи на Соломоновите работи беа три илјади и шестотини, и тие управуваа со народот што ги извршуваше работите. Тој го изгради Асур и Магдон, Гавер, Горни Ветерон и Валалат; но тие градови тој ги изгради, откако го беше изградил Господовиот дом и ѕидовите околу Ерусалим. Уште додека беше жив, Давид му заповеда на Соломон, велејќи: „Ете, кај тебе е Семеј, синот на Гера, Јеминиев син од Хеврон; тој ме кол­неше со тешки клетви, кога одев во Маханаим; но тој ми излезе во пресрет кај Јордан, и јас му се заколнав во Господ, велејќи: нема да те погубам со меч; но ти не оставај го неказнет, бидејќи си мудар човек и знаеш што треба да направиш со него за да ја симнеш неговата седа глава раскрвавена во пеколот.“
← Chapter 1 Chapter 3 →