bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
2 Peter 1
2 Peter 1
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
1
Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам.
2
Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.
3
Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство,
4
преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет;
5
затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење,
6
кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност,
7
кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
8
Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познанието на нашиот Господ Исус Христос.
9
А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.
10
Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,
11
бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
12
Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина.
13
А и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам,
14
бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри.
15
А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.
16
Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Неговото величие.
17
Зашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот возљубен Син, со Кого се исполнува Мојата добра волја.“
18
И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора.
19
А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
20
Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.
21
Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3