bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Colossians 1
Colossians 1
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
1
Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј,
2
до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Господ Христос!
3
Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас,
4
бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, која ја имате кон сите светии,
5
поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слушнале од словото на вистината – Евангелието,
6
кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината;
7
како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е верен служител Христов заради вас,
8
и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.
9
Затоа и ние, од оној ден кога го чувме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,
10
та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога,
11
укрепувајќи се со секаква сила преку Неговата славна моќ за секаква трпеливост и великодушност со радост,
12
благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,
13
нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот возљубен Син,
14
во Кого имаме откуп преку крвта Негова и простување на гревовите.
15
Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;
16
бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.
17
Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.
18
И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.
19
Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,
20
и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.
21
И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела,
22
сега ве примири во телото на Неговото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина,
23
само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
24
Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.
25
Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,
26
тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,
27
на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.
28
Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;
29
затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 2 →
All chapters:
1
2
3
4