bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Hebrews 4
Hebrews 4
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 5 →
1
Да внимаваме пак, додека уште ни е оставено ветувањето за влегување во Неговиот спокој, да не би се открило дека некој од вас би можел да задоцни.
2
Зашто и нам ни се соопшти, како и ним. Но словото, што го беа чуле, не им донесе полза, бидејќи оние што го беа чуле не поверуваа.
3
А ние, кои поверувавме, влегуваме во Неговиот спокој, како што рекол Тој: „Затоа се заколнав во гневот Свој дека тие нема да влезат во Мојот спокој“, иако Неговите дела беа завршени уште при создавањето на светот.
4
Зашто негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“
5
И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој.“
6
И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност.
7
Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“
8
Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе потоа за друг ден.
9
Но, за народот Божји сѐ уште останува саботна починка.
10
Зашто, кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите.
11
И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.
12
Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.
13
И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.
14
Имајќи Го големиот Првосвештеник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата.
15
Зашто, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој искусил сѐ како и ние, освен грев.
16
И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.
← Chapter 3
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 5 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13