bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Isaiah 30
Isaiah 30
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 53
Chapter 54
Chapter 55
Chapter 56
Chapter 57
Chapter 58
Chapter 59
Chapter 60
Chapter 61
Chapter 62
Chapter 63
Chapter 64
Chapter 65
Chapter 66
Chapter 31 →
1
Тешко им на непокорните синови, вели Господ, кои се советуваат, но без Мене, и склучуваат сојузи, но не според Мојот дух, за да додаваат грев врз грев:
2
а да не ја прашаат устата Моја, одат во Египет, за да се поткрепуваат со силата на фараонот и да се сокријат под сенката на Египет.
3
Но силата фараонова ќе биде срам за вас, а засолништето под сенката на Египет – бесчестие;
4
зашто кнезовите негови веќе се во Цоан, а гласниците негови стигнале до Ханес.
5
Сите тие ќе бидат посрамени заради народот, кој е бескорисен за нив; од него нема да има ни помош, ни корист, туку – срам и подбив.
6
Пророштво за животните од Негев: натоварени животни одат кон југ, по земјата на маката и бедата, од каде што излегуваат лавови и лавици, змии и змејови што летаат; тие ги носат на грбот на магарињата своите богатства и врз грбовите на камилите – своите ризници кон народ, кој нема да им донесе полза.
7
Зашто помошта од Египет ќе биде залудна и без корист; затоа Јас ги нареков: „Неподвижната Рахав“.
8
Сега оди, напиши им го тоа на штичка, и запиши го во книга, за да остане за во иднина, засекогаш и довека.
9
Зашто тоа е народ непокорен, деца лажливи, деца, кои не сакаат да го слушаат законот Господов,
10
кои им говорат на јасновидците: „Престанете да предвидувате“, и на пророците: „Не ни пророкувајте правда, говорете ни ласкаво, претскажувајте го она што ни е пријатно;
11
слезете, тргнете се од патеката; отстранете го од очите наши Светецот Израилев.“
12
Затоа вака вели Светецот Израилев: бидејќи вие го отфрливте тоа слово, а се надевате на измама и неправда, и се потпирате на нив,
13
затоа ова беззаконие ќе биде за вас како пукнатина надвисната за да падне, чие уривање ќе стане ненадејно, во еден миг.
14
И уривањето ќе биде како кршење на глинен сад, разбиен немилосрдно, така што во кршот не ќе се најде ни парченце, со кое би се земал оган од огниште, или би се зафатила вода од вир.
15
Зашто вака вели Господ Бог, Светецот Израилев: „Ако останевте на местото и мирувавте, ќе се спасевте; во кротката надеж е вашата сила, но вие не сакавте
16
и велевте: ‚не, ние ќе избегаме на коњи‘, – затоа и ќе бегате; ‚ние со брзи коњи ќе избегаме‘ – затоа и оние што ве гонат, ќе бидат брзи.
17
Од стравот на еден илјада ќе бегате, од стравот на петмина ќе бегате така, што вашиот остаток ќе биде како колец на врв од планина и како знаме на рид.“
18
И затоа Господ чека да ве помилува и желно гледа за да се смили над вас; зашто Господ е Бог на правдата – блажени се сите што се надеваат на Него!
19
Народе што живееш во Сион, во Ерусалим; ти нема уште долго да плачеш; Бог ќе те помилува, по гласот на твојот плач, и штом ќе го чуе, ќе ти одговори.
20
И ќе ви даде Господ леб, кога сте во мака и вода по потреба; твојот Учител нема повеќе да се крие, очите твои ќе Го гледаат твојот Учител;
21
ако свртите надесно, ако свртите налево, ушите ваши ќе го слушаат словото, кое говори зад вас – ете го патот, врвете по него!
22
Тогаш ќе ги сметаш за одвратност излиените од твое сребро идоли и опковани од твое злато кипови; ти ќе ги фрлиш како нечистотија; ќе им речеш – иставете се оттука.
23
И Тој ќе даде дожд врз твоето семе, со кое ќе ги засееш нивите, и лебот, што го раѓа земјата, ќе биде изобилен и вкусен; стадата твои во тој ден ќе пасат по широки пасишта.
24
Воловите и магарињата, што ги обработуваат нивните, ќе јадат посолена крма, исчистена со лопата и веалка.
25
По секоја висока гора и по секој издигнат рид ќе потечат бразди, потоци вода, во денот на големиот пораз, кога ќе паднат кулите.
26
И светлината на месечината ќе биде како светлина на сонцето, а светлината на сонцето ќе биде седумпати посветла, колку светлина на седум дена, во тој ден, кога Господ ќе ја преврзе раната на Својот народ и ќе ги излекува неговите рани.
27
Ете, името на Господ иде оддалеку; гневот Негов гори, пламенот Негов е силен; устата Негова е полна со негодување, а јазикот Негов е како оган, што голта;
28
дишењето Негово е како надојдена река, која се крева дури до вратот, за да ги просее народите до истоштување; и во челустите на народите да им стави узда која ќе ги заведува.
29
А кај вас ќе има песни, како во празнични ноќи, и веселба во срцето, како кај оној што оди со свирка на гората Господова, кон карпата Израилева.
30
И ќе загрми Господ со Својот величествен глас и ќе им го покаже замавот на Својата рака со силен гнев и со пламен огнен, кој сѐ проголтува, во бура, во силен дожд и во град.
31
Зашто од гласот на Господ ќе стрепне Ашур, удрен со палка.
32
И секој со казнената палка со која Господ ќе го удри, ќе биде со тимпани и харфи, и Тој ќе оди во опустошувачка војна против него.
33
Зашто Тофет веќе одамна е подготвен; тој е подготвен и за царот – длабок и широк; во кладата негова има многу оган и дрва; здивот на Господ, како поток од сулфур, ќе го запали.
← Chapter 29
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
Chapter 4
Chapter 5
Chapter 6
Chapter 7
Chapter 8
Chapter 9
Chapter 10
Chapter 11
Chapter 12
Chapter 13
Chapter 14
Chapter 15
Chapter 16
Chapter 17
Chapter 18
Chapter 19
Chapter 20
Chapter 21
Chapter 22
Chapter 23
Chapter 24
Chapter 25
Chapter 26
Chapter 27
Chapter 28
Chapter 29
Chapter 30
Chapter 31
Chapter 32
Chapter 33
Chapter 34
Chapter 35
Chapter 36
Chapter 37
Chapter 38
Chapter 39
Chapter 40
Chapter 41
Chapter 42
Chapter 43
Chapter 44
Chapter 45
Chapter 46
Chapter 47
Chapter 48
Chapter 49
Chapter 50
Chapter 51
Chapter 52
Chapter 53
Chapter 54
Chapter 55
Chapter 56
Chapter 57
Chapter 58
Chapter 59
Chapter 60
Chapter 61
Chapter 62
Chapter 63
Chapter 64
Chapter 65
Chapter 66
Chapter 31 →
All chapters:
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52
53
54
55
56
57
58
59
60
61
62
63
64
65
66