bible
ra
🌐 Language
English
Español
Français
Deutsch
Português
Italiano
Nederlands
Русский
中文
日本語
한국어
العربية
Türkçe
Tiếng Việt
ไทย
Indonesia
All Languages
Home
/
Macedonian
/
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
/
Joel 3
Joel 3
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
1
Зашто, ете, во оние денови и во тоа исто време, кога ќе ги вратам прогонетите од Јуда и од Ерусалим,
2
тогаш ќе ги соберам сите народи и ќе ги доведам во долината Јосафатова, и таму над нив ќе изречам суд за Мојот народ и за Моето наследство – Израил, кого го растурија меѓу народите и земјата Моја ја разделија.
3
За народот Мој фрлија ждрепка и даваа момче за блудница, и продаваа девојче за вино, и пиеја.
4
Па што барате од Мене вие, Тире и Сидоне, и сите краеви филистејски? Сакате ли да Ми се одмаздите за нешто? Ако Ми се одмаздувате Мене, за миг ќе ја свртам одмаздата ваша врз вашите глави,
5
бидејќи вие го зедовте среброто Мое и златото Мое и Моите највредни драгоцености и ги внесовте во вашите безбожнички светилишта;
6
а синовите на Јуда и на Ерусалим им ги продававте на потомците Јаванови, за да ги избркате од нивните предели.
7
Еве, Јас ќе ги кренам од она место, каде што ги продадовте, и ќе го свртам вашето злосторство врз главите ваши.
8
И ќе ги продадам синовите ваши и ќерките ваши во рацете на синовите Јудини, и тие ќе им ги продадат на Савејците, народ далечен. Така вели Господ.
9
Кажете го ова меѓу народите, пригответе се за војна, кренете ги јунаците, нека дојдат и нека станат сите војници.
10
Прековајте ги плуговите свои во мечеви, а срповите во копја; и слабиот нека вели: јунак сум.
11
Побрзајте, вие околни народи, и соберете се. Господи, доведи ги јунаците Свои!
12
Нека се кренат народите и нека слезат во долината Јосафатова; зашто таму ќе седнам Јас за да им судам на сите околни народи.
13
Мавнете со срповите, зашто зрело е житото; одете, слезете, зашто полна е кацата и бочвите се преполнети, зашто нивното зло е големо.
14
Мноштво, мноштво во Долината на одлуката! Зашто близу е денот Господов во Долината на одлуката.
15
Сонцето и месечината ќе потемнат, и ѕвездите ќе го изгубат својот сјај.
16
И ќе загрми Господ од Сион и ќе го испушти гласот Свој од Ерусалим: ќе затреперат небото и земјата; но Господ ќе му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израилеви.
17
Тогаш ќе познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог, Кој живее на Сион, на Мојата света гора; и ќе стане Ерусалим светиња, и нема повеќе туѓинци да минуваат низ него.
18
И, ете, во тој ден од горите ќе капе вино, а од ридовите ќе потече млеко, од сите долини јудејски ќе потече вода, а од домот Господов ќе се појави извор, и ќе ја напојува долината Ситим.
19
Египет ќе стане пустина и Едом ќе стане пустина, бидејќи тие ги измачуваа синовите Јудини и проливаа невина крв во земјата нивна.
20
А Јудеја ќе биде населена вечно, и Ерусалим – од род во род.
21
Јас ќе ја одмаздам крвта нивна, за која уште не сум се одмаздил, и Господ ќе живее на Сион.
← Chapter 2
Jump to:
Chapter 1
Chapter 2
Chapter 3
All chapters:
1
2
3